ВИДЕО: Нуњез во 99 минута за триумф на Ливерпул, пресврт на Тотенхем против Кристал палас

Фудбалерите на Ливерпул го слават голот на Дарвин Нуњез/фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Фудбалерите на Ливерпул го победија денеска на гостински терен Нотингем форест со 1:0, во натпреварот од 27 коло во Премиер лигата.

Тимот од „Енфилд“ ја имаше многу повеќе топката во свој посед и повеќе удари кон голот на ривалот, а единствениот погодок во 99 минута го постигна Дарвин Нуњез.

„Црвените“ се првопласирани на табелата со 63 бодови, четири повеќе од Манчестер сити кој има натпревар помалку. Нотингем форест е на 17 позиција со 24 бодови.

Тотенхем со пресврт успеа да го совлада Кристал палас (3:1). Гостите поведоа со голот на Езе во 59 минута, а домаќините до крајот на мечот стрелаа преку Вернер во 78, Ромеро во 80 и Сон во 88 минута.

Во другите денешни натпревари: Брентфорд – Челси 2:2, Евертон – Вест хем 1:3, Фулам – Брајтон 3:0 и Њукасл – Вулверхемптон 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот