ВИДЕО: Николас Кејџ во борба против демонските роботи во новиот тизер за хоророт „Willy’s Wonderland“

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Објавен е тизер трејлерот за претстојниот хорор филм „Willy’s Wonderland“, со оскаровецот Николас Кејџ во главна улога.

Кејџ глуми тивок и повлечен скитник кој е измамен да ја преземе работата на домарот во затворениот забавен парк “Willy’s Wonderland”. Неговата работа наскоро станува борба за опстанок против демонските роботи.

Филмот го режираше Кевин Луис, а покрај Кејџ, играат и Емили Тост, Бет Грант, Рик Рејс и Крис Ворнер.

Кино премиерата на „Willy’s Wonderland“ е закажана за 2021 година, а наскоро го очекуваме и трејлерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот