ВИДЕО: Невиден скандал во Дијамантската лига во Монако
Неверојатен пропуст се случи вечерва на трката од Дијамантската лига во дисциплината 3000 илјади метри со препреки.
Препорачано
Организаторите во Монако направија огромна грешка што го чинеше победа на кенискиот атлетичар Бенџамин Киген кој имаше одлична трка, иташе кон триумфот, но сè беше уништено од организаторите со неверојатна грешка.
Организаторите направија превид, со ѕвончето предвреме беше означено дека трката влегува во последниот круг. Киген тргна да финишира, и во моментите кога мислеше дека триумфирал уште еднаш го слушна ѕвончето за последен круг, а самите организатори му сугерираа дека всушност во тој момент треба да започне последниот круг.
Организаторите сфатија дека погрешија, Киген веќе беше истрошен и назадуваше постепено во генералниот пласман.
На крајот, кенискиот атлетичар заврши дури на седмото место. Победата ја обезбеди Ламеча Гирма од Етиопија со најдобро време во сезоната (8:07,75 мин.).
Monaco 2021 – officials rung the bell a lap early in the 3,000m SC, wrecking Benjamin Kigen’s race.
“It’s a disgrace… counting laps is the simplest job.” pic.twitter.com/hIcHY8GU56
— Alex Cyr (@Cyresy_10) July 9, 2021


