ВИДЕО: Нетфликс работи на втората сезона од серијата „Bridgerton“

Фото: Профимедиа

Серијата „Bridgerton“ го воодушеви светот со својата прва сезона, која од минатиот месец е достапна на Нетфликс, а фановите од почетокот се прашуваат дали ќе гледаат и продолжение.

За оние кои не се запознаени, серијата настанала по серијалот книги на Џули Квин, кои се дури осум, но прашањето е дали сите ќе бидат екранизирани? Изгледа дека да!

Втората сезона веќе се изработува, а креаторот на серијата Крис Ван Дусен во едно интервју откри дека би сакал да ги сними сите 8 сезони од серијата.

Во првата сезона во фокусот беа Дафне и Симон, но серијата има толку интересни ликови, што значи дека во другите сезони ќе можеме да ги видиме и другите „Bridgerton“ браќа и сестри.

Дали серијата ќе има повеќе продолженија зависи од успехот и гледаноста на првата сезона, а неофицијално се шушка дека „Bridgerton“ ги срушила сите рекорди.

Материјал за уште 7 сезони секако има – книгите од серијалот се напишани така што секоја книга се занимава со еден брат или сестра како главни во „Bridgerton“ семејството, додека последната се занимава со сите.

Првата книга и беше посветена на Дафне, а втората на нејзиниот брат Антониј и неговиот љубовен триаголник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот