ВИДЕО: „Netflix“ ќе ја екранизира хорор книгата „Улица на стравот“

Фото: Нетфликс промо

Изгледа дека летото ќе започне со одлични хорор филмови, а сето тоа благодарение на „Netflix“…

Популарниот стриминг сервис најави нова хорор трилогија, „Улица на стравот“. Новите филмови кои ќе се темелат на популарните тинејџерски хорор романи на Р. Л. Стајн премиерно ќе бидат прикажани на „Netflix“ овој јули.

Трилогојата „Улица на стравот“ ќе се состои од „три филма во три недели и една убиствена приказна“. Поточно, филмовите ќе ги откриваат застрашувачките активности кои измачувале еден мал град во 1994, 1978 и 1666 година.

„Netflix“ во описот ја откри и темата на филмовите: „Во 1994 година група тинејџери откриваат дека сите застрашувачки случувања кои го прогонуваат нивниот град со генерации можеби се поврзани – и дека можеби тие се следна мета. Врз основа на најпродаваната хорор приказна на Р. Л. Стајн, трилогогијата ја следат низа настани од застрашувачката историја на градот Шејдисајд“.

Во првиот филм од трилогојата под назив: Страшна улица: прв дел – 1994, игра ѕвездата на серијата „Stranger Things“, Maja Хоук.

Што се однесува на вториот филм, Улица на стравот: втор дел – 1978, се појавува и втората жителка на градот, која ја глуми Сади Синк. Во овој филм се појавува и маскираниот напаѓач. За третиот дел не се знае многу – наречен е Улица на стравот: Трет дел – 1666, а ние веќе се наеживме. Зошто? Токму една од сцените од трејлерот прикажува крваво суштество во малото село.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот