ВИДЕО | Нерешен морничав случај ја инспирираше најновата серија на Нетфликс, сторителот никогаш не е пронајден

Фото: Принтскрин/ ИМДб/Инстаграм

Откако многумина беа шокирани од серијата за еден од најстрашните сериски убијци во светот, канибалот Џефри Дамер, на Нетфликс доаѓа нова серија која многумина ја нарекуваат уште пострашна.

По морничавиот „Дамер“, на Нетфликс пристигна „Набљудувачот“ (The Watcher). Серијата се заснова на вистински настан кој до ден-денес не е разрешен, а ги следи животите на едно нормално добро ситуирано семејство.

Дејството на серијата се одвива околу семејството Бродус, откако тие решаваат да се преселат од Њујорк во „тивко“ предградие во Њу Џерси. Почетокот на нивната агонија настанува по првото анонимно писмо што го добиле, а е потпишано од „Набљудувачот“.

Творецот на писмата до ден-денес не е пронајден, а во меѓувреме се појавија разни теории за можните виновници. Некои дури ги вклучија и самите членови на семејството Бродус. За нивната приказна се дозна во 2018 година, а ја екранизираше Рајан Марфи, креаторот на популарната серија „Американска хорор приказна“ (American Horror Story). Главните улоги во серијата ги толкуваат Миа Фароу, Наоми Вотс, Боби Канавејл и Џенифер Кулиџ.

Марија и Дерек Бродус купиле куќа која изгледала како дом од нивните соништата. Куќата во Њу Џерси ја платиле 1,3 милиони долари и веднаш ангажирале градежници и почнале со работа за да можат што поскоро да се преселат во неа со своите деца.

Меѓутоа, штом започнала работата, почнале да се случуваат чудни работи. Една вечер Дерек забележал писмо во поштенското сандаче. Со чуден ракопис на писмото било напишано дека е наменето за „новите сопственици на куќата“, а внатре во ковертот се наоѓала напишана порака. Тоа било првото во серијата морничави писма кои пристигнувале на нивната адреса.


„Најдраги нови соседи на Булевар 657, ви посакувам добредојде. Булеварот 675 моето семејство го набљудува со векови и сега, кога се наближува на својот 110-ти роденден, мене ми дојде редот, задолжен сум за набљудување и чекање на второто доаѓање. Дедо ми ја набљудуваше куќата во 1920-тите, татко ми во 1960-тите. Сега е моето време“, пишувало во застрашувачкото писмо.

„Кој сум јас? Стотици и стотици автомобили минуваат низ оваа улица секој ден, можеби јас сум во едниот од нив. Погледнете низ прозорците на сите оние луѓе кои секојдневно минуваат покрај куќата. Можеби јас сум еден од нив. Имате деца, ги видов. Досега имам изброено три од нив. Можете ли да ја исполните куќата со млада крв како што посакав? Подобро за мене. Дали вашата стара куќа беше премногу мала за семејство што расте? Или, пак, алчноста ме доведе до вашите деца? Кога ќе ги дознаам нивните имиња, ќе ги поканам кај мене“, пишува меѓу другото во писмото што е потпишано со „Набљудувач“.

Двојката Бродус брзо стапила во контакт со полицијата, а две недели подоцна, пред да се вселат, пристигнало ново писмо кое вклучува вознемирувачки детали за нив, како што се нивните презимиња, редоследот по кој се родени нивните деца и прекарите на децата, а стилот на пишување бил подеднакво мрачен и мистериозен како во првото писмо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by I Am The Watcher (@thewatchernetflix)


Дерек заболел од депресија, а Марија од посттравамтско стресно нарушување (ПТСП), а и двајцата страдале од параноја, благодарение на писмата што постојано им пристигнувале. Шест месеци откако го добиле првото писмо, се обиделе да ја продадат куќата, но не успеале бидејќи гласините веќе се прошириле.

ВИДЕО | „200 милиони часови гледаност“: Серијата за серискиот убиец Џефри Дамер е најпопуларна на Нетфликс

Нетфликс ќе снима серија за серискиот убиец Џефри Дамер познат како „Канибалот од Милвоки“ кој убивал хомосексуалци! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот