ВИДЕО | „200 милиони часови гледаност“: Серијата за серискиот убиец Џефри Дамер е најпопуларна на Нетфликс

DAHMER Monster: The Story of Jeffrey Dahmer
DAHMER Monster: The Story of Jeffrey Dahmer / Фото: Принтскрин/IMDb

Минатата недела, гледачите на „Netflix“ потрошиле повеќе од 196 милиони часови гледајќи ја серијата за Џефри Дамер, еден од најозлогласените американски сериски убијци. Серијата наречена „DAHMER Monster: The Story of Jeffrey Dahmer“ е најгледаната содржина на платформата на глобално ниво.

Дамер во серијата на „Netflix“ го игра Еван Питерс, а серијата е напишана од Иан Бренан и Рајан Марфи, кој е познат по Американската хорор приказна.

Приказната за серискиот убиец Дамер е веќе документирана, но „Netflix“ со својата серија се обиде да им понуди на гледачите поинаква перспектива. Имено, серијата е фокусирана на неговите жртви, како и на неспособноста на полицијата да го фати низ годините.

Серијата прикажува брутални сцени

Серијата драматизира најмалку 10 случаи во кои Дамер бил речиси уапсен, но на крајот ослободен.

„Во текот на повеќе од една деценија, осудениот убиец Џефри Дамер уби 17 тинејџери и млади луѓе. Како избегна апсење толку долго?“, стои во описот на серијата на „Netflix“.

Новиот хит брзо предизвика бурни реакции меѓу љубителите на крими жанрот, а многумина изјавија дека им се „згадило“ откако ја дознале длабочината на злосторствата на канибалот од Милвоки.

Серијата, на пример, вклучува сцени во кои Дамер храни жена со сендвич со човечко месо, како и приказ на неговиот метод на намамување на своите жртви, онесвестувајќи ги и правејќи грозни дејствија врз нив.

Дамер беше уапсен во 1991 година и осуден на 16 доживотни затворски казни за убиство и распарчување на 17 мажи и момчиња помеѓу 1978 и 1991 година, од кои многумина извршил некрофилни дејствија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот