Нетфликс ќе снима серија за серискиот убиец Џефри Дамер познат како „Канибалот од Милвоки“ кој убивал хомосексуалци! (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

По успешните серии „American Crime Story“ и „American Horror Story“, ТВ-продуцентот Рајан Марфи овојпат ќе ги „заокружи“ своите вештини. Имено, Марфи во моментов ја подготвува серијата „Monster: The story of Jeffrey Dahmer“ за Нетфликс, пренесува Collider.

На Марфи во проектот ќе му помага Иан Бренан, со кого ја создаде популарната тинејџерска серија Glee, како и Џенет Мок (Pose) и Дејвид Мекмилан (Lucifer). Тие ќе напишат серија со 10 епизоди, додека режисер ќе бидат Мок и Карл Френклин (Mindhunter).

Производството се планира да започне со работа во јануари 2021 година.

Засега, Ричард Xенкинс е единствениот ангажиран актер за оваа серија, а тој ќе го толкува таткото на Дамер, Лионел, хемичар кој му ја пренел вештината за зачувување на животински коски на неговиот син. Дамер подоцна ги користел овие техники врз своите жртви.

Продукцијата моментално ја бара главната улога, како и улогата на Гленда Кливленд, соседот на Дамер, кој залудно укажувала на „чудното однесување“ на Џефри на полицијата.

Џефри Дамер (1960-1994), познат како „Канибалот во Милвоки“ или „Чудовиштето во Милвоки“, беше американски сериски убиец и сексуален престапник кој уби 17 мажи и момчиња од 1978 до 1991 година. Тој практикувал некрофилија и канибализам, чувал некои или сите делови од телата на жртвите, како и нивните скелети.

Тој беше осуден на доживотен затвор и беше претепан до смрт во затворот во Висконсин во 1994 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот