ВИДЕО: Нераскинливо пријателство – Две седумгодишни момчиња не се виделе со месеци, а нивната повторна средба расплака многумина

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Кога конечно се сретнале, ниту Карсон ниту Кејд, најдобрите другари, не можеле да го сокријат воодушевувањето и возбудата, па тука паднала и по некоја солза. Откако неколку месеци не се виделе, емотивната средба беше слатко изненадување кое им го приредиле нивните мајки.

Карсон, чие семејство се преселило во Јужна Каролина, повеќе од шест месеци не го видел својот најдобар другар Кејд, како поради преселувањето, така и поради пандемијата на коронавирусот, пишува Дејли мејл.

Но на 4-ти јули во Тејлорс во Јужна Каролина, Кејд бил во посета кај роднини, а мајката на Карсон, Сара Бејтс, потајно помогнала во планирањето на повторниот собир на момчињата. Сара не му кажала на својот син дека Кејд доаѓа на настанот, бидејќи знаела дека ќе биде премногу возбуден и нема да може ниту да јаде ниту да спие со денови. Мајката на Кејд, Шели Крк, постапила идентично.

На денот на изненадувањето, Карсон дошол до влезот на куќата, а штом Кејд го здогледал својот пријател, веднаш се затрчал да го прегрне. Веднаш започнал да плаче, додека Карсон кажал „Никогаш не ни помислив дека ќе те видам тука“.

Карсон и Кејд се пријатели од свои две години, се запознале во црква, а родени се само со 11 дена разлика. Бидејќи родендените им се така блиску, момчињата секогаш ги славеле заедно.

Меѓутоа есента 2019 година семејството Бејтс се преселило од Нејплс на Флорида во Јужна Каролина. Оттогаш, Карсон и Кејд можеле да комуницираат само преку апликациите за видео повици, а пандемијата на коронавирусот дополнително ја влошила состојбата бидејќи тие не можеле ниту да патуваат за да се посетат.

– Децата никогаш не се премлди за да негуваат вистинско пријателство, ги охрабруваме несебично да ги сакаат другите и да ги третираат онака како би сакале тие да бидат третирани. За возврат, тие формираат врски кои ќе траат цел живот, без оглед колку далеку живеат и колку се чести нивните средби, заклучи Сара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот