ВИДЕО: НБА кошаркар жестоко нокаутиран пред борбата на Тајсон!

Фото: Твитер

Поранешниот НБА плејмејкер Нејт Робинсон (36) блескаше во неговата кариера, вкупно трипати шампион на „Ол-стар“ натпреварувањата во забивање..

Со оглед на тоа што играше до пред две години во кошарката, во 2020 година си најде нова занимација – боксот. Започна активно да се подготвува за спектаклот во кој главни ѕвезди беа Мајк Тајсон и Рој Џонс јуниор.

Ривал му беше „јутјубер“ милионерот Џејк Пол (23) кој пред една година влезе во професионалци во меч против уште еден „јутјубер“, Гиб, кој тогаш го победи со нокдаун.

Минатата ноќ вторпат беше во рингот, повторно доминираше и го победи екс НБА играчот со нокдаун во втората рунда.

Целата сцена ја „наслика“ раперот Снуп Дог, еден од членовите на жирито, кој започна да пее молитвена песна веднаш штом Робинсон падна на подот.

ВИДЕО: Импресивен „Железниот Мајк“, боксерските легенди приредија спектакл!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот