ВИДЕО: Импресивен „Железниот Мајк“, боксерските легенди приредија спектакл!

Фото: Твитер

Мајк Тајсон и Рој Џонс јуниор боксуваа во ревијалниот меч одржан во Лос Анџелес кој заврши нерешено.

Беше договорено мечот да биде од ревијален карактер, првиот судија даде резултат 76:76, вториот во корист на Тајсон (79:73), а третиот за Џонс јуниор (80:76), за на крајот да излезе неофицијален резултат, реми. Во осум рунди, по две минути, и двајцата покажаа неверојатна сила и физичка подготовка.

„Железниот Мајк“ удираше и после звукот на гонгот кој означува крај на рундата, како што и правеше и во текот на професионалната кариера, беше многу мотивиран, а во секоја рунда влегуваше „експлозивно“ и со многу жар.

– Да, мислам дека јас победив. Но, задоволен сум од ремито. Ја забавувавме публиката – рече Тајсон.

Својата последна борба Тајсон ја имаше во 2005 година кога загуби од Кевин Мекбрајд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот