ВИДЕО | Најпопуларната тиктокерка во светот само од прегледи неделно заработува повеќе од 60.000 долари

Фото: Принтскрин/ТикТок

Тиктокерката Кили (@keely1123) на својот профил ја открива заработката на популарните креатори на социјалните мрежи, барем според податоците со кои располага јавноста. Како дел од тоа, таа се осврна и на најпопуларната тиктокерка во светот Аликс Ерл.

„Значи, ако ги исполнувате сите критериуми на TикТок, тие ви плаќаат за секое видео подолго од една минута. И ве плаќаат на секои 1000 прегледи. Воглавно за илјада прегледи добивате по 1 долар и 10 центи. Сега ќе видиме колку заработила Аликс за една недела?“, започна таа, анализирајќи го профилот на тиктокерката која ја следат над шест милиони луѓе.

“Таа е многу активна, па заработува многу. Минатата недела објави 21 видео, но само 15 од нив траеја минута или подолго. Сите заедно добија околу 3,8 милиони прегледи. Тоа значи дека за една недела таа заработила 62.700 долари само од прегледи. Тоа не вклучува спонзорства“, објасни Кили, пишува хрватски „Индекс“.

@keely1123 Replying to @sierra CRAZYY #alixearle #influencers #influencerpay #influencerincome ♬ original sound – KEELY GRACE

„Наставниците не заработуваат толку за една година“, „Животот не е баш фер“, „Одбивам да верувам дека ова е вистина“, „Но, од каде се овие пари, зошто? напишале корисниците во коментарите.

Аликс Ерл, русокосата тиктокерка започнала како студентка која се снимала како се шминка за факултет и се дружи со другарките и така стана најпознатата девојка на ТикТок. Симпатичната Аликс го освои светот за само една година и создаде нешто што експертите за маркетинг го нарекоа „Ефектот на Аликс Ерл“. Накратко, она што го споменува Аликс, слики или записи, едноставно се продава.

Со својот опуштен пристап, хумор и искреност, таа стана личност која се поистоветува со милиони девојки ширум светот. Аликс, како што ја опишуваат нејзините обожаватели, е ултимативната „девојка за девојки“, односно девојка која несомнено ги поддржува другите девојки.

@alixearleIly

♬ original sound – alix earle

Секој ден на својот профил на ТикТок, како најдобрата пријателка која вечно ја познавате, таа споделува детали за нејзиниот приватен живот со милиони луѓе – ги покажува акните со кои се бори со години, зборува за естетските операции што ги правела, покажува неред во нејзиниот стан и искрено зборува за нејзините љубовни врски.

Таа започнала со TикТок во нејзината последна година на колеџ. Студирала на Универзитетот во Мајами, живеела со цимери под кирија и разговарала со првите следбеници од нејзината темна подрумска соба. Со шминкање, Аликс опуштено зборувала за својот ден, како да разговара со пријателите преку видео повик. За само еден месец таа собрала над два милиони следбеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот