ВИДЕО | Најмоќната сцена на Силвана Арменулиќ полна страст: Премногу емоции на едно место!

силвана арменулиќ
Силвана Арменулиќ / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Филмот „Тома“ како да ги обедини народите на поранешна Југославија со својата приказна, глума и музика. Преполни киносали, носталгично нажалени лица пред тв екраните и бројни реакции на социјалните мрежи.

Веројатно никој не очекуваше дека филмот ќе добие толку внимание, толкава моќ за реактуелизација на тоа толку подобро време од денес, присетувањето за случувањата од животите на главните ликови.

ФОТО | Протече фотографија од погребот на Силвана Арменулиќ, 30.000 луѓе ја испратиле…

Така, Балканот повторно се присети на Силвана Арменулиќ чиј лик беше еден од најважните во филмот „Тома“.

Она што е познато и што го видовме во филмот е дека Тома Здравковиќ ја напишал песната „Ноќас ми срце пати“, која на крајот „заврши“ кај пејачката, со која во тоа време постигна голем успех, а песната се пее до ден-денес.

ФОТО | Мистеријата околу смртта на Силвана Арменулиќ: Да не беше таа, немаше да го има ниту Тома Здравковиќ

Една од најзабележителните изведби на песната „Ноќас ми срце пати“ несомнено беше во серијата „Љубав на сеоски начин“.

Имено, пејачката го толкуваше ликот на Рада во делото на режисерот Драгослав Лазиќ, а во епизодата „Мираз“ ја отпеа легендарната песна во кафански амбиент.

Изведбата на оваа песна ја „збогати“ никој друг туку легендарниот Миодраг Петровиќ – Чкаља, кој во серијата го толкуваше ликот на Гвозден Јовановиќ.

Сцената пукаше од емоции. Силвана маестрално ја отпеа песната, а Чкаља падна во транс во кафаната слушајќи и пеејќи ја песната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот