ВИДЕО | На 28 години се пензионираше човекот кој го спречи Мајкл Фелпс да го освои последното злато во кариерата

Фото: EPA-EFE/Patrick B. Kraemer

Oсвојувачот на еддинствената златна олимписка медала во историјата на Сингапур, пливачот Џозев Скулинг објави крај на кариерата на 28-годишна возраст.

Скулинг го шокираше пливачкиот свет кога во Рио Де Женеиро успеа да освои златен медал ан 100 метри пред Американецот, Мајкл Фелпс. Скулинг славеше со резултат 50.39, додека Фелпс и Јужноафриканецот Чад Ле Клос го поделија среброто со време од 51.14 секунди.

За Фелпс тоа беше последен индивидуален олимписки медал во кариерата, откако не освои злато во трката на штафетата 4×100 метри комбинирано. Славниот Американец кариерата ја заврши со 28 олимписки медали и дури 23 златни.

„Отварам ново поглавје од животот, се повлекувам од професионалното пливање. Исполнет сум со благодарност за секое искуство во мојот живот. Победите беа вознудливи, поразите тешко, но заедно во мене креираа отпорност која ќе ја пренесам во иднина“, објави сингапурскиот пливач.

Олимпиското злато пред Фелпс секако беше неговиот најголем успеј во кариерата, а освои уште две бронзи на светските првенства на 100 метри делфин (Казањ 2015 и Будимпешта 2017). На азиските првенства освои три златни медали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот