ВИДЕО: Мозаик на Ѓоковиќ од тениски топчиња во чест на историскиот успех

принтскрин јутјуб

Голем мозаик од тениски топчиња со ликот на Новак Ѓоковиќ, денеска е поставен на платото на тенискиот центар Новак во Белград.

Мозаикот е висок 3.8 метри и е широк 2.7 метри и за негова изработка беа искористени 2.177 тениски топчиња, а е дело на архитектот и уличен уметник, Андреј Јосифовски, кој е познат и по прекарот „Пијанист“.

Работите на портретот траеја три дена и постојано се внимаваше на деталите бидејќи секое топче имаше специфична боја и место, 
додека работите мораа да бидат завршени точно на денот кога Ѓоковиќ стана историски број еден, односно рекордер по бројот на недели поминати на првото место на АТП ранг листата.

– Топчињата се прицврстени на мрежа од жица што ги сомболизира неуспешните обиди Новак да биде симнат од тенискиот трон. Сепак тоа не се случи, не поради грешките на неговите противници туку затоа што тој едноставно е најдобар. Ниту кај тениските експерти нема дилеми дека неговиот ретерн и дворачен бекенд се најдобри на светот, а движењето и покривањето на теренот не се од оваа планета – изјави Јосифовски.

Новак Ѓоковиќ е историски број еден

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот