Новак Ѓоковиќ е историски број еден

Новак Ѓоковиќ е деветкратен шампион на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска и официјално реализира една од своите две најголеми желби во кариерата, стана историски број еден, односно тенисер со највеќе недели поминати на првото место на АТП ранг листата.

Денеска Ѓоковиќ ја започна 311. недела на врвот на АТП ранг листата и го помина Рожер Федерер кој остана на 310 недели, додека далеку зад нив се Пит Сампрас со 286, Иван Лендл со 270 и Џими Конорс со 268 недели.

Уште сега е познато дека првото место на Ѓоковиќ му е загарантирано најмалку 317 недели.
Прв пат на првото место на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ дојде на 4. јули 2011 година откако го победи Жо Вилфред Цонга во полуфиналето на Вимблдон, а потоа славеше и над Надал во финалето.

Тој денеска реализира една од двете најголеми цели во кариерата, а втората му се грен слем трофеите. Моментно Новак Ѓоковиќ има 18 грен слем титули, а пред него се наоѓаат Рожер Федерер и Рафаел Надал со по 20 освоени грен слем трофеи.
– Апсолутно немам проблеми да ги кажам моите цели. Кој и да е во врвот на светскиот тенис и не го каже тоа, не верувам дека е искрен. Професионалниот спортист мора да има цели, потребно е да си има поставено дневни, краткорочни и долгорочни цели. Јас сакам да освојам што е можно повеќе грен слем титули и да бидам најдолго број еден во историјата – зборуваше Ѓоковиќ за своите цели.

На денешната АТП ранг листа има една промена, Стефанос Циципас го помина Рожер Федерер и сега се наоѓа на петтото место, додека наредната недела Данил Медведев ќе го замени Рафаел Надал на втората позиција.

ТОП 10 АТП ранг листа:
1. Новак Ѓоковиќ 12.030
2. Рафаел Надал 9.859
3. Данил Медведев 9.735
4. Доминик Тим 9.125
5. Стефанос Циципас 6.660
6. Рожер Федерер 6.630
7. Александер Зверев 5.615
8. Андреј Рубљов 5.019
9. Диего Шварцман 3.540
10. Матео Беретини 3.480

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот