Маж се качи на оградата на Тауер Бриџ/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Мостот на Темза во Лондон накратко беше затворен откако маж се качи на оградата

Импозантниот мост на реката Темза во Лондон, Тауер Бриџ накратко бил затворен откако маж се качил на оградата од мостот. Полицијата објави дека, помалку од еден час по пријавувањето на инцидентот, мажот „безбедно се спуштил“ и мостот повторно ќе биде отворен за сообраќај.

„Човекот безбедно се симна од оградата на мостот. Мостот наскоро повторно ќе биде отворен. Ви благодариме за трпението“, нагласија надлежните.

За време на инцидентот, мостот остана „затворен за сообраќај и пешаци“, а јавноста беше повикана „да ја избегнува областа колку што е можно повеќе“.

Според Скај Њуз, пожарникарите биле на местото на настанот и подигнале скала за да комуницираат со мажот, кој носел качулка.

Инцидентот се случи само 24 часа откако еден човек се искачи на Биг Бен минатата сабота, каде што остана повеќе од 16 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот