ВИДЕО | Модниот експерт Тим Ган откри зошто веќе 43 години не е во врска: „Бев надвор од себе“
Американскиот моден експерт и член на жирито во шоуто „Project Runway“, Тим Ган, откри дека веќе 43 години не е во врска поради тоа што неговиот поранешен партнер го изневерил.
Препорачано
„Имав многу сериозна деветгодишна врска во Вашингтон. Многу го сакав тој човек и би направил сè за него. Сè уште се сеќавам на ноќта кога сè заврши“, рече тој за време на гостувањето во поткастот „Dear Chelsea“.
Се присети како лежеле во кревет гледајќи телевизија, кога партнерот му рекол:
„Немам повеќе трпение за тебе. Сакам да заминеш. Имав свој стан, но години живеев со него, па заминав. Се одвезов до својот стан на „Rock Creek Parkway“ и морав да застанам затоа што почнав да дишам забрзано. Бев надвор од себе и беше ужасно“, откри тој.
Ган додаде дека работел заедно со поранешниот партнер, па знаел дека ќе мора повторно да се сретнат.
„Една од работите што ми ги кажа таа ноќ беше дека спиел скоро со секој човек што го запознал, а јас бев верен. Тој беше единствената личност со која сум бил во врска“, раскажа Ган.
Потоа наведе дека самосожалувањето се претворило во бес, затоа што мислел дека можеби му е „изречена смртна пресуда“. Десет години се тестирал за ХИВ на секои шест месеци и, за среќа, сè било во ред.
„Секогаш кога би бил во искушение да започнам нешто сериозно со некој, сè се враќаше и едноставно тоа ми ја одземаше желбата“, рече тој.
Во почетокот му било тешко да се навикне на целибатот, но сега вели дека не би можел да живее поинаку.


