ВИДЕО: Млада мајка бара дозвола од своето бебе дури и кога треба да му промени пелена

Фото: Принтскрин/ТикТок

Канаѓанката која има едногодишно бебе ги објави своите три правила на одгледување на кои доби поделени реакции. Согласност, слободна волја и здрава исхрана се целите, но прашањето е во методот…

Не постои уникатен родителски стил. Тоа што му одговара на едно семејство можеби нема да му одговара на друго. Ова мајка е само еден од низата примери дека родителството и одгледувањето се целосно индивидуални и дека секој однос е посебен.

Една мајка од Канада, Кори (21) поттикна расправа на интернет откако објави видео во кое го објаснува својот родителски стил. На својот ТикТок профил @c.maxxy таа објави видео во кое ги наведе трите правила до кои се држи во родителството, а за кои вели дека ги вознемируваат другите луѓе.

Набрзо видеото стана вирално со повеќе од 1,6 милиони прегледи, а реакциите и коментарите на нејзините правила се многу поделени.

„Мојот син не поминува време на само со некој кој не ги почитува нашите правила и граници, вклучувајќи ги и бабите и дедовците“, започна таа.

„Никој освен јас не смее на мојот син да му дава благо. Јас сум единствената која му дава бидејќи на тој начин можам да го следам и ограничам внесот на шеќер“, објаснува таа.

@c.maxxy #youngmom #teenprenancy #boundries #toddler #nosugar #sugarfree #toddlermom #screentime #momrules #rules ♬ original sound – Corrie❤️

„Тој никогаш не мора ништо да дели со никого, продолжи таа, објаснувајќи дека ако понесе некоја играчка со него кај баба и дедо, тоа не значи дека тој треба да ја дели со неговите мали роднини“. Истото правило важи и кога се на игралиште, вели таа.

Согласувањето е голема работа, продолжи таа.

„Не дека луѓето не можат да го прегрнат и бакнат мојот син, но прво треба да прашаат. Тој ја знае разликата помеѓу да и не“, вели таа во виралното видео.

Фото: ТикТок

Кори изјави дека секогаш го прашува синот за согласност, дури и пред да му промени пелени.

И послдедното правило е дека нејзиниот збор е последен кога станува збор за технологијата.

„Го ограничуваме времето пред екраните. Тој има една година, не треба цел ден да гледа телевизија“, изјави Кори.

@c.maxxy Had an article written about me #greenscreen #article #youngmom #toddler #sugarfree #momrules #toddler #teenprenancy #gentleparenting #alice ♬ original sound – Corrie❤️


Откако е објавено, видеото собра повеќе од 220.000 лајкови и 2300 коментари, но не се сложија сите со нејзиниот родителски стил.

Една личност напиша дека не го разбира правилото со играчките, пишува британски „Mirror“.

„Зошто да донесе играчка со која неговите роднини не смеат да си играат“, запраша таа во коментарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот