ВИДЕО: Митревски блескаше на голот за прва победа на Порто во Лигата на шампионите

Никола Митревски/фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Во рамките од 11 коло во ЕХФ Лигата на шампионите составот на Порто пред своите навивачи убедливо со 32:23 го совлада Динамо Букурешт.

Ова е прв триумф сезонава за Португалците во групата „А“, а еден од најзаслужните за успехот против Романците беше Никола Митревски. Македонскиот репрезентативен голман блескаше на денешниот меч со 13 одбрани.

Од неговите клупски колеги први стрелци беа Турин и Кристенсен со по седум голови. На спротивната страна по шест погодоци имаа Кудуз и Акименко.

На табелата води ПСЖ со 18 бодови, пред Веспрем кој има 16, трет е Магдебург со 14, по 11 имаат ГОГ и Динамо Букурешт, следува ППД Загреб со осум, пет има Висла Плоцк, а Порто до сега има три.

Во продолжение погледнете дел од фантастичните одбрани на нашиот чувар на мрежата од натпреварот против Динамо Букурешт:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот