Ракометарите на ППД Загреб беа блиску до сензација против ПСЖ во Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Во натпреварот од 11 коло од ракометната ЕХФ Лига на шампиони ППД Загреб беше многу блиску да направи изненадувачки резултат против ПСЖ, но не издржа до крајот. На крајот францускиот првак победи со 33:30.

Хрватскиот клуб одигра одличен натпревар, целото второ полувреме беше на исто ниво со водечкиот тим во групата, но неискуството на Загреб и моќта на еден од најдобрите тимови во Европа го решија победникот во самата завршница.

Загреб направи серија од 7:2 за израмнување на 24:24, до 53 минута домаќинот беше во игра за поволен резултат, но клубот од Париз со серија од 3:0 во 57 минута дојде до четири погодоци предност и ги реши сите дилеми околу крајниот исход на оваа средба.

Во овосезонскиот шести пораз на хрватскиот шампион во елитното европско ракометно натпреварување, екс членот на Вардар 1961, Русинот Тимур Дибиров беше најдобар со 10 голови.

Кај тимот на поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез, Феран Соле беше прв стрелец со 12 гола, а значаен придонес во триумфот имаше и шведскиот голман Андреас Паличка со 13 одбрани.

На табелата во групата „А“ води ПСЖ со 18 бодови, додека ППД Загреб е на шестото место со осум. Во истата група Веспрем го претрпе вториот пораз откако на домашен терен загуби од ГОГ со 36:37. Унгарците се на втората позиција со 16 бодови, додека Данците се петтопласирани со 11.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот