ВИДЕО | Милош Биковиќ со бастун на премиерата на „Црвена свила“: По две операции, актерот првпат се појави во јавност
Српскиот актер Милош Биковиќ, кој со години успешно гради кариера и во Русија, се појави во јавноста првпат по тешката повреда на коленото која ја доби за време на снимање филм.
Препорачано
Тој присуствуваше на премиерата на „Црвена свила“ („Красный шёлк“), одржана синоќа во Русија, каде што, иако се движеше со потешкотии, не ја пропушти можноста да ѝ се обрати на публиката.
Биковиќ ја доживеа повредата во декември, а поради сериозноста на состојбата мораше да биде подложен на две операции. Првата била извршена веднаш по повредата, додека втората се случила пред две недели. Извор близок до актерот за српските медиуми откри дека процесот на заздравување бил сложен, но дека тој сега е во подобра состојба.
И покрај сè, Биковиќ не дозволи здравствените проблеми да го спречат да присуствува на премиерата. Облечен во елегантно тегет одело, со впечатлива црвена ешарпа во духот на филмот, тој зачекори на сцената со помош на бастун, покажувајќи ја својата посветеност.
Снимките од неговото појавување брзо се проширија на социјалните мрежи, откако младата новинарка и дописничка на „РЕН ТВ“, Кате Пожарскаја, сподели видео од премиерата.
На снимките се гледа дека Биковиќ сè уште има потешкотии при одењето, но не ја губи насмевката на своето лице.


