Росана Јанков - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | „Ми беше тешко и плачев“ – Росана, поранешната сопруга на Коки Јанков со емотивна приказна

Росана Јанков, ПР на Археолошкиот музеј во Скопје поранешната сопруга на музичарот Коки Јанков, отворено прозборе за она што најмногу ја заболело во животот. Во емисијата „Фидбек со Елена“ на Тв „Телма“, таа зборуваше и за успесите на нејзината ќерка Лара и борбата со негативните коментари во јавноста.

Росана со голема возбуда сподели дека нејзината 16-годишна ќерка Лара веќе ги поставува темелите за својата иднина. По успехот со полагањето на TOEFL со висок степен на познавање на англискиот јазик, семејството е во процес на вадење виза за Сан Диего, каде Лара планира да го продолжи своето образование.

„Лара си постави свој ’Монт Еверест‘. Иако татко ѝ сакаше таа да биде виолинистка, а јас балерина, таа реши дека сака да биде докторка“ открива Росана, додавајќи дека Лара покажува огромен афинитет кон биологијата, освојувајќи второ место на државен натпревар.

Росана нагласи дека како родители, таа и Коки секогаш ја поддржуваат својата ќерка во нејзините амбиции.

Како личност која со години е изложена на очите на јавноста, Росана признава дека на почетокот тешко се справувала со озборувањата и невистините. Сепак, денес нејзиниот одговор е игнорирање и широка насмевка.

Росана детално објасни како ја изградила својата емоционална интелигенција. Иако за себе вели дека е многу добра личност, таа има „црвена линија“ која не дозволува никој да ја премине.

„Тие што ме коментираат, а не ме познаваат, за мене се ситни души. Тоа се луѓе кои немаат свој живот, па мораат да го живеат туѓиот за да се чувствуваат живи. На почетокот ми беше многу тешко, плачев и се прашував зошто некој би рекол такво нешто за мене, но солзите само го чистат срцето. Денес не планирам да си го уништувам здравјето заради секое куче што лае зад мене. Кога некој зборува за тебе, тоа е всушност комплимент, значи вредиш, штом те забележуваат“, рече Јанков.

Наместо да се занимава со негативности, Росана рече дека советува читање на психолошки книги и гледање филмови.

Росана и Коки се разведоа во 2018 година десет години брак, а денес се во коректни односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот