Лионел Меси им донесе триумф на Аргентинците против Јамајка/фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra Jr

ВИДЕО: Меси фантастичен, Аргентина во полуфиналето на „Копа Америка“

Аргентинците го обезбедија пласманот во полуфиналето на „Копа Америка“ откако рутински во четвртфиналниот натпревар го совлада Еквадор со 3:0.

Повторно блескаше Лионел Меси кој реализираше нов гол од слободен удар и воедно запиша две асистенции.

Во 23 минута Меси ја погоди стативата, а во 40 минута асистираше до Родриго де Пол за водство од 1:0 за „гаучосите“.

Долго стоеше тој резултат, а во 84 минута следуваше втората асистенција на Лео, овој пат стрелец беше Лаутаро Мартинез. Точка на мечот стави Меси со прекрасен погодок од слободен удар во судиското надополнување (90+3`).

За пласман во големото финале Аргентина ќе игра против Колумбија која на пенали со 4:2 го елиминираше Уругвај, откако мируваа мрежите во регуларниот дел.Во пенал серијата кај Уругвајците прецизни беа Кавани и Суарез, а неуспешни од белата точка Хименез и Вина. На спротивната страна сигурни беа Запата, Санчез, Мина и Борја.  Вториот полуфинален пар во ова јужноамериканско натпреварување е Бразил – Перу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот