ВИДЕО: Бразил – Перу е првото полуфинале на Копа Америка

epa09319542 Brazil's players celebrate after scoring against Chile, during the Copa America 2021 quarterfinals soccer match between Brazil and Chile at the Nilton Santos Olympic Stadium in Rio de Janeiro, Brazil, 02 July 2021. EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Фудбалерите на Бразил и на Перу обезбедија пласман во полуфиналето на Копа Америка.
Со победите над Парагвај, односно Чиле, овие две репрезентации си закажаа полуфинална пресметка.
Перу со 4:3 го совлада Парагвај во пенал рулетот, додека на „кариоките“ им беше доволен само еден гол за триумф.
Во најефикасниот натпревар на Копа Америка досега, Парагвај поведе во 11 минута преку Гомез кој само 10 минути подоцна си постигна автогол.  До крајот на првото полувреме, Перуанците направија пресврт благодарение на голот на Лападула во 40 минута.


Во второто полувреме, Парагвај дојде до израмнување со голот на Алонсо, за Јотун во 80 минута повторно да му донесе предност на Перу. За продолженија се избори Авалос кој постигна гол во последната минута од регуларниот дел.

Според правилата на Копа Америка, немаше продолженија туку веднаш се премина на изведување на пеналите. Во првите две серии, фудбалерите беа прецизни, по што во наредните три пенали голманите имаа среќа. Играчите на Парагвај, Ектор Давид Мартинез и Браиан Самудио го промашија голот, додека шутот на Перуанецот Ормеро го одбрани голманот Силва.
Потоа Тапиа од едната и Пирис од другата страна погодија, и во последната петта серија Перуанецот Куева имаше можност да ја однесе својата селекција во полуфиналето но неговиот шут го запре Силва.
Во шестата серија, Еспинола не беше прецизен за Парагвај по што Трауко погоди и обезбеди пласман во полуфиналето за Перу.
Бразил благодарение на голот на Лукас Пакета на стартот од второто полувреме дојде до победата над Чиле и си обезбеди полуфинална пресметка со Перу.


Вечерва се играат преостанатите два четвртфинални натпревари во кои се среќаваат Уругвај-Колумбија и Аргентина – Еквадор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот