Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Медведев на Ролан Гарос се расправаше со сопругата: Кога ќе погодувам, тогаш ќе се однесувам пристојно

Данил Медведев доживеа шокантна елиминација уште во првото коло на Ролан Гарос, откако беше поразен од Адам Волтон со 3-2 во сетови. Сепак, покрај самиот резултат, внимание привлече и една необична сцена за време на натпреварот.

Рускиот тенисер, кој е познат по својот темперамент и честите реакции на теренот, овојпат влезе во вербална расправија со сопругата Дарија Медведева.

Фрустриран од високите температури во Париз и својата игра, Медведев се пожали за условите, по што неговата сопруга му порача да се однесува посмирено и попристојно. Но, тенисерот веднаш возврати со саркастичен коментар.

„Кога ќе почнам да ги погодувам ударите во теренот, тогаш ќе почнам и пристојно да се однесувам“, ѝ одговорил Медведев.

Швјонтек рутински до третото коло на Ролан Гарос, но и до учинок 42-3 во Париз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот