Фото: EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Медведев елиминиран во првото коло на Ролан Гарос

На третиот ден од грен слем турнирот Ролан Гарос, ја видовме првата голема сензација во машка конкуренција. Австралискиот тенисер Адам Волтон приреди изненадување во првото коло и го победи шестиот носител Данил Медведев со 6:2, 1:6, 6:1, 1:6, 6:4 за нешто повеќе од три часа игра.

Така, осмиот тенисер во светот, кој традиционално игра лошо во Париз, веќе ги спакува куферите.

Играчот со вајлд-карта е рангиран на 97 место на АТП листата, а во второто коло ќе игра против Американецот Закари Свајда, кој беше подобар од Австралиецот Алексеј Попирин со 3:6, 6:3, 7:6 (7:3), 7:5.

Францускиот тенисер Моиз Куаме се пласираше во второто коло на Ролан Гарос, откако на почетокот од натпреварувањето го победи Хрватот Марин Чилиќ со 7:6 (7:4), 6:2, 6:1. Куаме е рангиран на 318 место во светот, додека Чилиќ е рангиран на 46 место на АТП листата.

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во второто коло откако во првото коло Французинот Александар Милер при 6:2, 3:0, го предаде мечот. Чилеанецот Алехандро Табило исто така се пласираше во второто коло, победувајќи го Полјакот Камил Мајхржак со 6:1, 6:3, 6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот