Швјонтек/EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Швјонтек рутински до третото коло на Ролан Гарос, но и до учинок 42-3 во Париз

Ига Швјонтек обезбеди пласман во третото коло на Ролан Гарос, откако во Париз славеше над Сара Бејлек со 6:2, 6:3 и дополнително го подобри својот импресивен биланс на гренслемот на париската земјена подлога.

Полската тенисерка, која четирипати го освојуваше трофејот на Ролан Гарос, сега има учинок од 42 победи и само три порази на овој турнир. Швјонтек титулите ги освои во 2020, 2022, 2023 и 2024 година, со што уште еднаш потврди дека е една од главните фаворитки за нов триумф во Париз.

Во женска конкуренција пласман понатаму избори и Белинда Бенчиќ. Единаесеттата носителка убедливо ја совлада Американката Кејти Мекнали со 6:4, 6:0, во меч што се играше во тешки временски услови и високи температури во француската престолнина.

Подоцна денеска на теренот ќе се појави и Новак Ѓоковиќ, кој ќе се соочи со францускиот тенисер Валентин Роаје, моментално 74. играч на АТП-листата.

Во вечерниот термин на теренот „Филип Шатрие“, вториот носител Александар Зверев ќе игра против чешкиот тенисер Томаш Махач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот