ВИДЕО: Маскерано ја заврши кариерата, најголемите успеси ги имаше со Барса!

Фото: EPA/MARTA PEREZ

Аргентинецот Хавиер Маскерано ја инфомираше јавноста дека прекинува професионалната фудбалска кариера долга 17 години. На поранешниот играч на Барселона последен клуб му беше Естудијантес.

– Сакам да ве известам дека се повлекувам. Благодарност до Естудијантес што ми дозволи да ја завршам кариерата во Аргентина – рече Маскерано.

Кариерата ја започна во Ривер Плејт, играше за бразилскиот Коринтијанс, потоа во Англија за Вест Хем, Ливерпул, по што се пресели во Барселона во 2010 година и остана во наредните осум сезони.

Со каталонскиот клуб освои две титули во Лигата на шампионите, трипати беше светски клупски шампион и по пет во „Ла Лига“ и Кралскиот куп.

Помина една сезона во Кина, играјќи за Хебеи, по што трансфер во редовите на Естудијантес. Воедно одигра вкупно 147 натпревари за репрезентацијата на Аргентина и постигна три гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот