ВИДЕО – Мареј пред стартот на Австралија опен: Тука сум да ги саботирам шансите на Ѓоковиќ да освои уште една титула (!?)

EPA-EFE/JAMES ROSS

Новиот тренер на Србинот, Енди Мареј, на прес-конференција докажа дека не ја изгубил смислата за хумор, а неговата изјава го изнасмеа Новак

Поканет да зборува на „Род Лејвер Арената“ по малиот егзибициски меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев, новиот тренер на Србинот, Енди Мареј, покажа дека не ја изгубил легендарната смисла за хумор.

– Сум играл овде неколку пати, но никогаш не успеав да ја освојам титулата, за жал. Овој човек (Новак) е единствениот одговорен за таа ситуација. Сега сум тука за да се обидам да ги саботирам неговите шанси да освои уште една титула – се пошегува Британецот, победен во неговите пет финалиња на Австралија опен (вклучувајќи четири пати од Новак Ѓоковиќ!).

Ѓоковиќ е рекорден десеткратен освојувач на Австралија опен, а турнирот почнува в недела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот