ВИДЕО: Малчанскиот бербер во Србија осуден на доживотен затвор

Фото: Српско МВР

Нинослав Јовановиќ, познат како Малчански бербер, осуден е на доживотна казна затвор поради грабнување и злоставување на 12-годишно девојче.

Јовановиќ одби да присуствува на изрекувањето на пресудата, но во судот беа родителите на неговата последна малолетна жртва.

Нинослав Јовановиќ е осуден на 11 години затвор за киднапирање на 12-годишно девојче, додека за силување во продолжено траење е осуден на доживотен затовр, па како единствена казна му е изречена токму доживотен затвор.

Малчанскиот бербер прекарот го доби поради својата свирепа потреба жртвите да ги шиша пред да ги силува. Повеќе од 20 години од својот живот ги поминал зад решетки, а секојпат кога ќе излезе на слобода, го повторувал кривичното дело.

Јовановиќ, повеќекратен силувач, девојчето кое тогаш имало 12 години го грабнал на 12 декември 2019 година во Брзи Број во 7.25 часот, пресретнувајќи го на пат до училиште.

Овој манијак на измама го навел детето да влезе во неговиот автомобил „фиат пунто“, кое претходната вечер го украл во Малча. Тој на девојчето му рекол дека е новиот електричар кој работи во нејзиното училиште и го замолил да му го покаже патот. Девојчето влегло во возилото и почна повеќедневната драма како што не е видена во Србија.

Кога девојчето сфатило дека не одат кон училиштето, Јовановиќ го заплашил девојчето и ѝ се заканил дека ќе и ги убие родителите. До тој момент никој во Србија не знаел дека девојчето е киднапирано.

Полицијата и жандермеријата потоа го пребарувале целиот крај, а петтиот ден е побарана помош од граѓаните, а објавена е и неговата фотографија за да се олесни потрагата.

Во селото Орешац е пронајдена куќата во која е ишишано девојчето. По неколу дена во друго село е пронајдено девојчето, истепано и во модринки. Фатен е на 5 јануари 2020 година на гробиштата во своето родно место Малча.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот