ВИДЕО: Македонскиот боксер Славески со европската титула на УБФ!

Фото: Alexandre Gorodnyi/facebook.com/gogo.slaveski

На турнирот во Минхен (Германија) нашиот професионален боксер Горјан Гого Славески се закити со европската титула на УБФ.

Македонецот во супер средна категорија до 76 килограми беше подобар во битката против Миодраг Славиша од Босна и Херцеговина.

Дојде до триумфот со нокдаун во петтата рунда од борбата, за моментно да има учинок од девет победи и два порази.

Има најави дека Славески ќе води разговори со Боксерската федерација на Македонија за репрезентативни настапи и со учества во Регионалната бокс лига, информира „ipon.mk“.

На видео записот можете да ја погледнете борбата помеѓу Славески и Славиша, последна на програмата (од 1:55:21) ТУКА

Фото: Alexandre Gorodnyi

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот