ВИДЕО: Ливерпул го совлада Ватфорд, „црвените“ на врвот во Премиер лигата

„Црвените“ ја продолжуваат победничката серија во Премиер лигата/Ливерпул, Велика Британија/2 април 2022/Фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Продолжува победничката серија на Ливерпул во Премиер лигата, со резултат 2:0 на својот „Енфилд“ го совлада Ватфорд.

На тој начин играчите на Јирген Клоп се повторно лидери во генералниот пласман, со два бода повеќе од второпласираниот Манчестер сити кој својот меч од 30 коло ќе го има денеска на гостувањето кај Барнли.

„Црвените“ стигнаа до својот 22 триумф сезонава со головите на Диого Жота во 22 минута после асистенцијата на Гомез, а конечниот епилог го постави Фабињо од пенал во 89 минута.

Ватфорд се бори за опстанок во елитата, моментно е во опасната зона за испаѓање на 18 место со 22 бодови.

Во следното коло Ливерпул на 10 април ќе гостува на „Етихад“ во дербито против Сити, а Ватфорд еден ден порано ќе го пречека Лидс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот