ВИДЕО: Ленс Строл поради страотниот судир ќе ја пропушти Ф1 трката во Сингапур

Канаѓанецот Ленс Строл нема да вози на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1 шампионатот бидејќи не е целосно закрепнат од повредата по несреќата на вчерашните квалификации, соопштија денеска од „Астон Мартин“.
Во првиот дел од вчерашните квалификации, Строл загуби контрола и удри во заштитниот ѕид. Канадскиот возач се спасил со полесни повреди, додека неговиот болид е практично уништен.
– Целиот тим чувствува олеснување, бидејќи Ленс можеше да излезе од болидот по несреќата. Сепак, тој сè уште чувствува некои последици од несреќата. Наш приоритет е Строл да закрепне брзо и целосно. Заедно одлучивме тој да ја пропушти оваа трка. Наш приоритет е тој да се опорави и да биде подготвен за Големата награда на Јапонија следната недела – изјави директорот на „Астон Мартин“, Мајк Крек, а пренесува официјалната веб-страница на Ф1.
Строл моментно е на деветтото место во генералниот пласман на возачи со 47 бодови.
Трката за Големата награда на Сингапур ќе се вози денеска од 14.00 часот.
Fans’ view of both McLarens avoiding Stroll’s crash… looks way crazier from this angle🫣🫣 pic.twitter.com/e9papelZuX
— Lando Norris Fans (@Norrislandofans) September 16, 2023
Пол-позиција за Саинц во Сингапур, лоши квалификации за Ред Бул