ВИДЕО: Лазаров шампионски пред ЕП, со Нант го освои францускиот Лига Куп

лазаров
Кирил Лазаров и Нант запишаа триумф против Данкерк/Фото: www.Photo-andersen.dk/www.Facebook.com/photoandersendk/Marc M. Andersen

Во големото финале на Лига купот во Франција екипата на Нант со резултат 28:21 беше подобра од составот на Шамбери.

Тоа е нов трофеј во кариерата на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров кој на денешниот натпревар постигна два гола.

Најголем придонес за успехот имаа Валеро Ривера со шест и Давид Балагер со пет погодоци, како и голманот Емил Нилсен со 18 одбрани.

Претходно во полуфиналето Нант беше подобар од Монпелје со 27:26, а токму нашиот селектор го постигна победничкиот гол на тој меч.

Така, во одлична атмосфера, шампионски доаѓа Лазаров пред собирот на нашата најдобра репрезентација во подготовките за Европското првенство следниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот