Лазаров го однесе Нант во финалето на францускиот Лига Куп

Кирил Лазаров е во добра форма пред дуелите со Романија/фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Капитенот и селектор на македонската репрезентација, Кирил Лазаров е најзаслужен за пласманот на Нант во финалето на Лига купот. Нант во полуфиналето го совлада Монпелје со 27:26 и тоа благодарение на Лазаров кој го постигна голот за победа.

Иако натпреварот помина во израмнета игра, во финишот, Монпелје имаше предност од 24:26, но Нант благодарение на двете одбрани на голманот Нилсен и голот на Лазаров во последната минута, успеа да слави со 27:26.

Противник на Лазаров и Нант во финалето фна Лига купот ќе им биде Шамбери кој приреди големо изненадување со победата од 29:28 над ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот