ВИДЕО | Ламбе Алабаковски ја промовираше преработката на „Дејгиди луди млади години“: Песната стоеше спакувана во фиока 12 години

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски во кафулето „Минт“ ја промовираше преработката на „Дејгиди луди млади години“, народната песна која оригинално ја испеа легендарниот Александар Сариевски.

Поп-пејачот вели дека чекал 12 години да излезе оваа преработка на една од неговите омилени песни, која ја снимил уште пред да замине да живее во Америка, од каде што се врати пред две години.

„Песната е една од моите омилени и морам да признаам дека стоеше спакувана во фиока околу 12 години, некако ми требаше време и таа, но и јас да созреам. Ете некако сега мислам дека е вистинското време за да ѝ ја претставам на мојата публика, но и на сите оние кои ја сакаат македонската традиционална песна”, рече Ламбе на денешната промоција.

Тој откри дека токму со ова песна сакал да ја заврши својата успешна музичка година, но и да го најави сето она што ќе следува во годината пред нас.

Аранжманот за преработката на песната е на Дарко Димитров и Никола Мицевски. Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, Нина Јанева ги пее придружните вокали, додека пак Никола Мицевски свири хармоника.

За песната беше снимен и видеоспот во Националниот парк Галичица и во Охрид, за кој беа задолжени „Зага продукција“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот