Грабеж во продавница во Тексас/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Крадци во Тексас врзале банкомат за автомобил, го одвлекле и ја ограбиле продавницата

Двајца крадци ограбиле продавница „7-Eleven“ во Северен Тексас на Бадник откако се обиделе да украдат банкомат во зградата. Безбедносните камери на продавницата ги снимиле движењата на двајцата крадци, кадар по кадар, пренесува Би-би-си.

Очигледно, едниот од нив го врзал банкоматот за задниот дел од нивното возило со сајла, а вториот притиснал на гаста, што резултирало со уривање на внатрешноста на продавницата.

Според полицијата, сторителите избегале, влечејќи го банкоматот зад себе.

Сепак, на кратко растојание, кабелот бил пресечен, а банкоматот бил пронајден напуштен.

Малку подалеку, бил пронајден напуштен и теренецот што го користеле сторителите, за кој е утврдено дека е украден од Далас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот