Кори Фелдман - Фото: EPA/HENNING KAISER

ВИДЕО | Кори Фелдман откри кој голега го злоупотребил пред 38 години, вмешан е и Чарли Шин: „Време е за вистината“

Во документарниот филм „Кори Фелдман против светот“, актерот Кори Фелдман изнесува тешки обвинувања против својот колега и блискиот пријател Кори Хаим, тврдејќи дека бил сексуално злоупотребен за време на снимањето на култниот филм „Изгубените момчиња“ во 1987 година. Доколку овие тврдења се точни, тие целосно го менуваат разбирањето на сложениот и турбулентен однос меѓу двајцата актери кои оставија трага во Холивуд во една генерација, објави „Верајети“.

Фелдман и Хаим станаа познати во 1980-тите, особено по успехот на „Изгубените деца“, а потоа се стекнаа со статус на тинејџерски идоли и дел од холивудската елита. Работеа заедно и во други популарни филмови како „Возачка дозвола“ и „Сон за мал сон“, а нивните имиња долго време беа симбол на младинската филмска слава. Хаим почина во 2010 година на 38 години.

Во документарецот Фелдман детално го опишува наводниот инцидент што, според неговите зборови, се случил за време на снимањето на „Изгубените момчиња“. Тој се сеќава дека Хаим му рекол: „Хеј, ајде малку да се забавуваме“. Кога Фелдман прашал што мисли, Хаим му одговорил дека тоа е „нешто што момците во овој бизнис го прават пушат, се забавуваат, и прават такви работи“.

Фелдман тврди дека Чарли Шин му објаснил на Хаим дека таквото однесување е „нормално“. Шин пак остро ги демантираше овие обвинувања, тврдејќи дека станува збор за „болни, изопачени и сосема неточни тврдења“ кои никогаш не се случиле.

Актерот додава дека, и покрај тоа што знаел каква намера има Хаим, се согласил на средба.

„Кога сте дете, уплашено и некој се обидува да ве злоупотреби сексуално, правите сè за да го спречите тоа. Се случи. Кори Хаим ме злоупотребуваше. Време е тоа да се каже“, вели Фелдман.

Фелдман одамна јавно зборувал дека тој и Хаим како деца биле жртви на сексуално злоупотребување во Холивуд. Во 2017 година ја започна кампањата на вистината, со цел да собере 10 милиони долари за документарен филм за неговите искуства и откривање на злоупотребувачите во филмската индустрија. Резултатот беше филмот од 2020 година „Мојата вистина: Силување на двајцата Кори“, кој нагласува дека двајцата биле жртви, но не содржи никакви обвинувања дека Хаим го злоупотребил Фелдман.

 

Режисерката Марси во новиот филм не инсистира на дополнителни објаснувања на тврдењата на Фелдман, наведувајќи дека интервјуто било снимено во периодот на зајакнување на „MeToo“ движењето, кога Фелдман бил силно притиснат да ги именува злоупотребувачите јавно.

„Беше многу емотивен момент“, вели Режисерката.

Документарецот „Кори Фелдман против светот“ првично бил замислен како приказна за враќањето на Фелдман на сцена. Снимањето започнало во 2017 година за време на неговата турнеја со бендот „Corey’s Angels“, составен исклучиво од жени. Според режисерката, Фелдман сакал да ја раскаже својата вистина.

Но, филмот постепено ја открива и потемната страна на приказната. Иако Фелдман тврди дека бендот го основал за да им пружи шанса на млади уметнички, камерите забележале и поинаква атмосфера, членовите на бендот се облекувале во оскудна облека за фотосесии, а Фелдман се додворувал на обожавателка под влијание на опијати.

Поранешни членови на бендот подоцна ѝ раскажале на режисерката дека Фелдман строго ја контролирал нивната исхрана, облекување и дневни навики, па дури и времето кога можеле да се бањаат, а често и нивните хонорари не биле исплатени.

„Не можев да го забележам сето тоа“, признава режисерката режисерката. „Фатив само еден момент, но не можам да кажам дека имав целосна слика.“

Една од поранешните членки на бендот, која извесен период живеела со Фелдман и неговата тогашна сопруга, целата ситуација ја опишала како „чист сексуален култ“.

„Кори е личност со многу слоеви кои често се противречат едни на други“, заклучила режисерката. „Она што овој филм го направи е дека отвори низа нови прашања и прошири погледот кон него. Не можев да дадам сите одговори, но можев да го отворам објективот.“

Претставниците на Чарли Шин и Кори Фелдман не одговориле на барањето за коментар од „Верајети“, а документарниот филм „Кори Фелдман против светот“ е достапен за купување на платформите Епл, Амазон и Јутјуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот