ВИДЕО | Кокинакис до судијката на Ролан Гарос: Сакаш ли да мо*ам на теренот?!

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Aвстралискиот тенисер, Танаси Кокинакис направи скандал во третото коло на Ролан Гарос.

Кокинакис беше поразен од Карен Хачанов во четири сета, а во тек на вториот сет влезе во расправија со судијката и се однесуваше вулгарно.

Кокинакис сакаше да оди во тоалет, но тоа беше негово второ такво барање во таков период, па судијката не му дозволуваше. Тенисерите на Ролан Гарос имаат право на два тајм-аути за тоалет во пет сета.

„Добро, не го знаев тоа правило, а сега ми кажуваш дека имам уште 50 секунди. Можеш ли да ми дадеш пристојно време уште еднаш: Имаме само две паузи за тоалет. Сакаш ли да мо*ам на теренот?“, и се обрати Кокинакис на судијката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот