ВИДЕО: Кога мислите дека „бродот тоне“, мотивацискиот говор на Ѓоковиќ!

Фото: EPA-EFE/Clive Brunskill/POOL

Се појави на социјалните мрежи едно фасцинантно видео од мотивациски говор на Новак Ѓоковиќ – „Патот до тронот“, моментно најдобриот тенисер во светот.

Српскиот тениски ас освои 17 грен слем турнири во својата кариера, ги надмина скоро сите рекорди и е еден од најдобрите играчи во историјата на „белиот спорт“.

Доколку некогаш сте се запрашале како да бидете шампион, дали е тешко, што правите кога сте под притисок, кога мислите дека нема излез, популарниот Ноле ќе ви ги даде одговорите.

– Мислам дека секое дете, што и да сака да биде (во животот), секогаш треба да сонува. Тоа е двигател кон остварување на тие соништа. Имав импровизирани пехари направени од картон, пластика..Ги освојував тие трофеи, тоа ме доведе до овде каде што сум. Кога мислите дека „бродот тоне“, дека нема излез, некако наоѓам начин да се вратам повторно – вели Ѓоковиќ.

Исто така првиот светски рекет верува дека Србија може многу од тоа да понуди.

– Луѓето треба да разберат дека не мора да бидете успешна личност за да се слушне вашиот глас. Секој треба да направи колку што може и кои се неговите можности во овој момент – се зборовите на Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ нема да може да ја брани титулата на Австралија Опен?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот