Ѓоковиќ нема да може да ја брани титулата на Австралија Опен?

Австралиските власти донесоа одлука за забрана на влез на странски државкани и напуштање на континентот до 2022 година што директно влијае на Австралија Опен кој се игра во јануари идната година.

Оваа одлука на властите значи дека првиот тенисер на АТП ранг листата нема да може да ја брани титулата на првиот годинешен грен слем турнир, но во исто време ова е закана и за самиот организатор кој доколку не се најде некое решение би бил приморан да го откаже турнирот.

Првиот човек на тениската федерација на Австралија, Крег Тили токму на тој податок ги предупреди австралиските власти и побара промена на правилата.

Не може да се случи тенисерот да биде заглавен во карантин 14 дена, а потоа да игра на турнирот. Тоа не може да го очекувате од нив. Мораме да знаеме што ќе направи Владата по ова прашање во наредните две недели, највеќе до еден месец. Дали границите ќе ги отвори и дали ќе можеме да организираме турнири во повеќе градови. Доколку тоа не биде можно, мора да се подготвуваме за разни сценарија – вели Тили.

Покрај првиот годинешен грен слем турнир, неизвесна е и организацијата на другите турнири како тие во Аделаида и Оукленд кои се традиционална увертира пред Австралија Опен.

Тили се надева дека Владата ќе направи исклучок за спортистите и ќе им овозможи влез во Австралија, а тие би биле сместени во „меур“ како што беше случај на УС Опен и Ролан Гарос.
Стартот на Австралија Опен е закажан за 18 јануари идната година, а финалето треба да се игра на 31 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот