ВИДЕО | Ќерката на Антонио Бандерас и Мелани Грифит, се омажи со својата детска љубов на бајковита свадба во Шпанија
Ќерката на Антонио Бандерас и Мелани Грифит, Стела, официјално ѝ рече „да“ на својата детска љубов за време на романтична свадбена церемонија во Шпанија изминатиот викенд. Актерот (65) беше забележан како им наздравува на младенците неговата ќерка, 29-годишната Стела и нејзиниот сопруг Алекс Гружински во саботата во Шпанија.
Препорачано
Свадбата се случи нешто повеќе од една година откако двојката ја објави свршувачката, поточно во август 2024 година.
Антонио и Мелани беа во брак од 1996 до нивниот развод во 2015 година но останаа блиски пријатели и покрај разделбата.
За големиот ден, Антонио носеше елегантен црн смокинг со бела кошула и црна лептир-машна, а на церемонијата присуствуваше и Мелани.
Во еден момент, актерот беше забележан како наздравува со чаша вино додека гордо го прославуваше овој важен момент од животот на својата ќерка. Сцената се одвиваше на отворено, при зајдисонце, во амбиент што наликуваше на винарија.
View this post on Instagram
Љубовна приказна од градинка
Минатата година во август, Стела ја објави свршувачката со Алекс со кого се познава од детството преку објава на социјалните мрежи. На фотографијата што ја сподели, таа го покажа сјајниот дијамантски прстен и напиша:
„Ќе го поминам целиот живот со мојата најомилена личност на светот“.
Нејзината мајка, Мелани Грифит, веднаш се јави во коментарите со порака:
„Ве сакам и двајцата толку многу!! Честитки уште еднаш!!! “
Подоцна, Мелани објави и сопствена објава по повод свршувачката и напиша:
„Тој ја запроси … на едно колено … таа рече „да“. Стела и Алекс се свршени“.
Таа додаде:
„Нивната љубовна приказна започна уште во градинка! Вистинска љубов, длабока љубов! Честитки“.
По објавата за свршувачката, Антонио Бандерас сподели како се чувствува поради тоа што неговата ќерка се мажи.
„Се чувствувам одлично! Таа е среќна, јас сум среќен“, изјави актерот во септември минатата година.
Тој додаде и неколку убави зборови за својот зет Алекс:
„Тој е одличен. Го познавам уште од кога беше дете.“
Антонио и Мелани ја добија Стела во 1996 година истата година кога стапија во брак. Разделбата ја најавија во 2014 година, а разводот беше финализиран следната година.
Мелани ќерка на актерката Типи Хедрен претходно беше мажена и за Дон Џонсон, со кого ја има 36-годишната актерка Дакота Џонсон.
Иако се разведени, Антонио и Мелани останале блиски пријатели, за што актерот отворено зборуваше.
„Таа е прекрасна жена и сè уште го почитувам и поддржувам фактот дека сè што се случи меѓу нас во текот на тие 20 години беше прекрасно“.


