ВИДЕО | Ќе ве трогне: Малечко девојче ја пее „Let It Go“ во воено засолниште

Фото: Скриншот, Фејсбук

Руската инвазија на Украина го прекина безгрижното детство на голем број украински деца. Но, се чини дека тие со својата невиност наоѓаат начин како да си играат дури и во овие тешки и немирни времиња.

Малечкото девојче Амелија, кое заедно со нејзиното семејство било засолнето во воено засолниште во Киев, стана популарно ширум светот откако беше објавена нејзината слатка изведба на познатата детска песна „Let It Go“ од цртаниот филм „Frozen“.

Со дозвола од мајката на Амелија, видеото го објавила Украинката Марта Смехова која, исто така, се нашла во истото засолниште.

Видеото го пренесоа бројни светски медиуми, а го сподели и пејачката на песната „Let It Go“, Адина Мензел.

„Те гледаме. Ние навистина, навистина те гледаме“, напишала Мензел.

ВИДЕО | Млада Украинка преку „ТикТок“ му помага на светот да ја види реалната слика: Ова е сечиј проблем!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот