Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски и синот Киан - Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

ВИДЕО | Киан ги следи стапките на своите родители: Антониа Гиговска и Роберт веќе имаат „сериозна конкуренција“

Синот на пејачката Антонија Гиговска и музичарот Роберт Спасенцовски – Џокер, Киан, веќе ги покажува своите музички таленти, следејќи ги чекорите на своите родители. Токму тоа може да се забележи од прекрасното видео кое Роберт го сподели на својот инстаграм-профил.

Во видеото, малечкиот Киан, со помош на својот татко, успеа да ги опее нотите кои беа отсвирени на клавир, а како награда доби голем аплауз и топол бакнеж.

Роберт на видеото напиша дека е горд на „нивниот пејач“.

Истото видео го сподели и Антонија на својот Инстаграм профил, среќна што Киан веќе ги следи нивните чекори.

На 14 јуни, Киан наполни две години, а неговите родители секое слободно време го посветуваат на него, уживајќи во заедничките моменти. Антонија и Роберт се грижат за тоа секој ден да биде исполнет со смеење, игра и љубов, создавајќи убави и незаборавни спомени за својот син, кои често ги споделуваат и на социјалните мрежи.

Иако мал, Киан веќе ужива во музиката, а со таква поддршка од мама и тато, сигурно го очекува блескава иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот