ВИДЕО: Келси Грамер го најавува повторното доаѓање на „Фрејзер“ на малите екрани

Кога беше најавено пред неколку месеци дека култната серија „Фрејзер“ ќе се враќа на малите екрани, обожавателите се соочија со горчлива реалност во која оригиналниот тим на актери нема да биде дел од продолжението. Но, Келси Грамер со нови детали за серијата им даде надеж на обожавателите.

Зборувајќи за „Collider“, актерот кој го игра фамозниот д-р Крејн, рече: „Сметаме дека ќе ги вратиме повеќето актери, секако се надевам дека ќе го направиме тоа и сум прилично уверен дека тие ќе се вратат… Имаме приказна за раскажување, која всушност може да се раскаже со нив или без нив, искрено, но јас сакам да се вратат, бидејќи секогаш сонував за тоа“.

„Мислев дека треба да ги истражуваме сите нивни животи во завршната фаза и тоа е мојата надеж“, изјави Грамер.

Келси, исто така зборува за премиерата на серијата додавајќи: „Ние всушност немаме датум кога ќе започнеме да снимаме. Сè уште ја средуваме приказната. Кога ќе го видиме Фрејзер? Веројатно во почетокот од следната година“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @90s.legacies

Во најавата за продолжението, Грамер рече: „Со радост очекувам да го споделам следното поглавје во животот на д-р Фрејзер Крејн“.

Во финалето на серијата д-р Фрејзер Крејн ја „спакува“ својата работа како радио-психијатар во Сиетл, откако му беше понудена работа во Сан Франциско. Неговиот татко се ожени, Роз беше унапредена, а неговиот брат Најлс и сопругата Дафне дочекаа машко дете. Имено, Фрејзер беше во врска со Шарлот која се пресели во Чикаго.

Последната сцена го прикажува Фрејзер како пристигнува со авион во новиот град само за гледачите да дознаат во последен момент дека тој одлучил да не се пресели во Сан Франциско и наместо тоа да и се придружи на Шарлот во Чикаго. Оригиналното шоу се емитувало од 1993-2004 година и завршило по 11 сезони, откако добило повеќе награди за пишување и глума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот