ВИДЕО | Калиопи за денешната естрада: Секој може да наполни арена, не можат да ме купат новите трендови

Фото: Instagram / kaliopi_official

Македонската пејачка Калиопи Букле беше гостинка во емисијата „Исповеди“ на „Тв Република“ каде отворено коментираше за денешната естрада и новите музички трендови, пишува „Република“.

Таа вели дека во денешно време секој може да полни арени и големи сали, бидејќи сега музиката е многу покомерцијална од порано. Во емисијата, пејачката исто така зборуваше како останала доследна на својот стил и правец во музиката и дека често одбивала да снима дуети со колегите.

„Останав верна на мојот музички правец затоа што сакам да правам музика според мојот сензибилитет. Не можат да ме купат новите трендови и жанрови кои се популарни, ама очигледно има многу луѓе, всушност млади луѓе, кои ги слушаат. Денес секој може да наполни арена, стана нормално, но порано беше вистинска реткост“, вели Калиопи.

Калиопи откри и зошто избегнува да снима дуети со колегите.

„Не сакам да снимам дуети, некако тоа не е мој стил. Имаше понуди од колеги, ги одбив сите, не затоа што го кренав носот, туку затоа што не се гледам себеси во тоа“, додава таа.

Инаку, Калиопи неодамна го откажа концертот во Белград бидејќи жена од публиката ненадејно почина откако ѝ се слошило. Пејачката изрази сочувство до семејството и најави дека купените влезници за овој спектакл ќе важат и за новиот термин кој ќе биде дополнително објавен.

Калиопи се огласи по трагичната смрт на жената на концертот во Белград: Ова е најтажен ден во мојата кариера

Калиопи се огласи по трагичната смрт на жената на концертот во Белград: Ова е најтажен ден во мојата кариера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот