ВИДЕО | Како Маша и Медо: Кралицата Елизабета испи чај со популарниот лик од цртаниот филм

Фото: Профимедиа

Кралицата Елизабета Втора, која годинава слави платинест јубилеј од своето владеење (70 години), ја изненади британската јавност појавувајќи се во скеч со мечето Падингтон, познатиот лик во англиската детска литература на Мајкл Бонд.

Скечот беше прикажана пред големиот концерт со кој се одбележи платинестиот јубилеј, а во него Падингтон и кралицата, со филџан чај седат и разговараат во Бакингемската палата. Падингтон, голем љубител на мармалад, на кралицата ѝ нуди тост со мармалад, на што одговара дека и таа секогаш ја има подготвено токму таа ужина, која потоа ја вади од торбата.

Камерата потоа ја прикажува толпата собрана пред палатата.

„Забавата ќе започне наскоро“, ѝ кажува вработен во палатата на кралицата, по што Падингтон ѝ го честита јубилејот и им се заблагодарува на сите за тоа, со љубезно кревање на шеширот.

Видеото ги воодушеви обожавателите на кралското семејство ширум светот, а многумина ги потсети на сцената на кралицата со Џејмс Бонд.

„Неверојатно е дека во 96-тата година од животот и по 70 години на тронот, кралицата сѐ уште има моќ да нѐ изненади“, гласи еден од коментарите.

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

Кралицата Елизабета Втора е на тронот од 25 години: Никогаш не дава интервјуа и никој не знае што мисли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот