Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

кралица елизабета
Фото: EPA-EFE/Profimedia/Instagram

Кралицата Елизабета Втора утрово го напушти замокот Виндзор и се упати кон Бакингемската палата за да учествува на прославата по повод нејзиниот платинест јубилеј со другите членови на кралското семејство додека десетици илјади луѓе ги преполнија улиците на Лондон, пренесува „Дејли Мејл“.

Инциденти на воената парада во чест на кралицата

Војвотката од Кембриџ и нејзините три деца принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис им мавтаа на насобраните толпи денес пред пристигнувањето на кралицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by _BritishRoyals_ (@_britishroyals_)

Три кочии ги носеа членовите на кралското семејство, а војвотката од Корнвол се возеше заедно со Кејт Мидлтон и нејзините деца во првата кочија. По нив следеа грофот и грофицата од Весекс со децата Лејди Луиз Виндзор и Џејмс, Виконт Северн; потоа војводата и војвотката од Глостер и вицеадмиралот Сер Тим Лоренс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gala Magazine Germany (@gala_magazin)

Луис седеше меѓу неговите постари браќа и сестрата Шарлот во кочијата, а Кејт и Камила седеа спроти. Децата, беа облечени во светло сина, тегет и бела боја.

Принцот Чарлс, принцот Вилијам и принцезата Ана јаваа на коњи за време на традиционалната поворка со кочии која ја напушти Бакингемската палата на почетокот на свеченостите.

Војвотката од Кембриџ беше облечена во бел фустан-мантил со потпис на Александар Меквин и шешир од Филип Трејси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Принцот Хари и Меган треба да им се придружат на членовите на кралското семејство на официјалниот настан за првпат по повеќе од две години. Меган и Хари исто така, треба да ги донесат и нивните деца Арчи и Лилибет на јавното семејно обединување – а децата најверојатно првпат ќе се сретнат и со нивните братучеди Џорџ, Шарлот и Луис.

Но, шокантно е тоа што принцот Ендру не бил поканет на прославата дури и во приватно својство по скандалозното обвинување за сексуално злоставување со кое се соочи минатата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Роденденската парада на кралицата во „Horse Guards“ во Лондон е првиот официјален јубилеен платинест настан на празничниот викенд, а нејзиното височество денес се појави на балконот на Бакингемската палата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Point De Vue (@pointdevue)

Илјадници луѓе облечени во боите на знамето на Велика Британија и пластични дијадеми на главите се наредени под топлото сонце следејќи ја поворката. Како што пренесуваат британските медиуми, духот е на високо ниво.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот