ВИДЕО | Јелена Томашевиќ: Дарко Димитров е весела душа, Жељко Јоксимовиќ е строг

Фото: Промо

Јелена Томашевиќ со радост зборува за нејзиното пријателство со Дарко Димитров, македонскиот продуцент со кој долги години соработува и снима во неговото студио.

– Дарко нѐ покани кај него дома кога одевме во Грција со Нина и со Иван, нема шанси да не се видиме ако доаѓаме или поминуваме низ Македонија – рече српската пејачка во емисијата „Еден на Еден“, чиј втор дел се емитуваше во неделата.

– Тој е една весела душа, и знае да ја разгали атмозферста во студиото. За сѐ вели: ‘Лесно ќе го завршиме тоа.’ Додека кај Жељко Јоксимовиќ беше сѐ онака строго. ‘Тоа не го направи добро, повтори го!’ Додека кај Дарко: ‘Еленче, ајде повторно, ајде срцка. Е, тоа! – рече Јелена во „Еден на Еден“, а целата емисија е на овој линк:

 

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот